Собранискиот спикер Талат Џафери, на покана на претседателот на Националното собрание на Унгарија, Ласло Ковер, денеска присуствуваше на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО од страна на Националното собрание на Унгарија.

На гласањето се изјаснија 153 пратеника кои едногласно гласаа „за“ и ја поддржаа ратификацијата, соопштија од Кабинетот на Џафери.