Милијардерот Џорџ Сорос и неговите „сојузници“ продолжуваат да работат на „остранување на националните влади кои им го блокираат патот“.

Ова го вели Иштван Холик, портпарол на владејачката унгарска коалциска влада на партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан, пренесува Б92.

Холик вели оти е „очигледно“ дека „мрежата на Сорос“ имала „значајна улога во мигрантската криза во Италија и во Турција“ и додаде дека тие „вмешале прсти и на Балканот“, не наведувајќи на што конкретно мисли.

Унгарската агенција МТИ пренесува дека Холик инсистирал на тое дека Сорос сака од „Европа да направи одредиште за мигранти“ за „да ги ослабне националните држави во Европа преку создавње хаос и криза“. Тој додаде дека Соросовата мрежа е активна во сите големи земји во Европа и оти „настојува да вијае на изборите, поттикнува кризи и менува влади“.

Холик како пример наведе дека таа мрежа се обидела „со помош на милионите долари да влијае врз изборите за Европскиот парламент во 2014 година и оти во голема мера се инфилтрирала во институциите во Брисел“.