Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) предупреди дека 600.000 деца во Рафа немаат каде да одат на безбедно во случај на израелски напад и принудно раселување во тој град на југот од блокираниот Појас Газа.

Израелската армија издаде итна наредба за евакуација на Палестинците во источните квартови на Рафа и ги повика да се преселат во градот Ал-Маваси на југ.

„УНИЦЕФ повикува на заштита на цивилите и инфраструктурата што ги поддржува нивните основни потреби, како што се болниците и засолништата“, се вели во соопштението на агенцијата на ОН.

Хуманитарната ситуација во Газа се влошува, а УНИЦЕФ изјави дека нападот на Рафа ќе има катастрофални последици за најмалку 600.000 деца.

„Рафа сега е град каде што децата нема каде да одат на безбедно во Газа“, рече Кетрин Расел, извршна директорка на УНИЦЕФ.

Таа изјави дека некои од овие деца биле раселени повеќе пати и ги изгубиле своите домови и семејства, нагласувајќи ја потребата да се заштитат.

Во соопштението се наведува дека во Рафа во моментов има 78.000 деца на возраст под две години и 175.000 деца на возраст од пет години, при што 8.000 деца до две години се соочуваат со акутна неухранетост и 65.000 деца со пречки во развојот.

Фото: МИА архива