Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, околу 1,4 милиони деца ја напуштиле Украина, што значи дека секоја секунда по едно дете станува бегалец, соопштија ОН.
– Во просек, повеќе од 70.000 деца стануваат бегалци во Украина секој ден во изминатите 20 дена, што всушност секоја секунда по едно дете станува бегалец од почетокот на конфликтот, изјави пред новинарите во Женева Џејмс Елдер, портпарол на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).