Шок бомби и солзавец употреби полицијата против демонстрантите пред Собранието на РМ. На вечерашниов протест имаше многу млади луѓе, но и пензионери и родители со деца. Позади Собранието беа стационерани водени топови, а полициското обезбедување, според општиот впечаток, беше побројно од минатиот протест пред Собранието.
Гужвата започна нешто пред 21 ччасот кога почна да се слуша дека е употребен дел од стандардниот навивачки арсенал вообичаен за фудбалски натпревари. Дел од комитите се обиделе да го пробијат полицискиот кордон, по што Единицата за брзо распоредување со шок бомби и солзавец ги растерала демонстрантите од протестот против промена на името пред Собранието на Република Македонија.
Според првичните информации има повредени граѓани. Меѓу повредените е и новинар на Инфомакс порталот.
Очигледно учесник на протестот, околу 22 и 10 часот на својот ФБ профил напиша:
„Не се знае колку солзавец и шок бомби фрлија на луѓе што мирно стоеа на страна, цел жена парк се до Трговски и по улиците. Стока! Луѓе позади градска лежеа колабирани од солзавецот.“
Универзитетска професорка, на ФБ објави:
„Страшна глетка пред Собранеито. Полицијата удри против народот со шок бомби и солзавец“.