Два твит-крика за вертикалните градини во Скопје, како и „бавчата на кровот“ на ГТЦ се најхортикултурни на денот.
Првиот твит е за градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, кој за да ја добие градоначалничката фотелја ветуваше вертикални градини на скопските фасади, а од тоа изникна само „бавча“ на покривот на ГТЦ.
– Џе си брате Богдановиќ Саша, гласи крик-твитот на Троен Интеграл.
Полн со тага е и вториот крик-твит на корисничката на псевдонимот Елче Зелче на Твитер:
– Се разбудив цела испотресена: Нема никој ГТЦ да го гушка!- е нејзиниот твит.
А за гушкачите на ГТЦ, од пред некоја година, нема твит. Тие ќе се задоволат само со една слика за спомен и долго сеќавање од едно од многубројните гушкања и политички оргазми.
(Д.Г.)