Не сме ветиле вработување на 300 пилоти во Арачиново, туку реализација на пилот-проекти, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тоа го кажа како одговор на новинарско прашање за изјавата на жител на Арачиново дека ветувале, а не исполниле.

– Треба да внимаваме на лажни вести како што е оваа. Во Арачиново ветивме реализација на пилот-проекти и тие заедно со Општината се реализираат. Вработување на 300 пилоти нема ниту во мое Муртино, рече Заев на прес-конференцијата во Владата.