Во моментот не може да се направи план како да се решава листата на чекање, бидејќи имавме технички проблем со работа на салите за кој е најдено некое привремено решение, изјави Шабани.
„Како ќе биде не знаеме. Се наоѓаме во време на промена на влади, можеби и тоа малку влијае, меѓутоа мислам дека треба да се постапи за што побрзо решавање на тој проблем“, порача доктор Шабани.