Третиот турнирски носител Роџер Федерер (Швајцарија) рано утрово загуби со 3:2 од  бугарскиот тенисер Григор Димитров во четвртфиналето на Грен слемот УС опен.

Во меч што траеше три часа и десет минути, Федерер двапати водеше, но на крајот мораше да му честита на упорниот противник. Резултатот по сетови: 6:3; 4:6; 6:3; 4:6 и 2:6.

Противник на Димитров во полуфиналето ќе биде Русинот Данил Медведев (5. носител) кој во првото четвртфинале го совлада Стан Вавринка со 3:1.

Награднито фонд на Грен слемот во Њујорк изнесува 57,2 милиони долари.