Поранешниот прв светски рекет и двократен олимписки шампион, Британецот Енди Мареј нема да учествува во сингл мечевите на Грен слемот УС Опен.

Мареј во Њујорк ќе се фокусира на играње во двојки и во мешани парови.

– Не сакам да прифатам вајлд-карта сега затоа што не знам како ќе се чувствувам после натпреварот. За време на мечот нозете ми беа тешки, имам на што да работам. Потребни се тренинзи. Овие проблеми нема да исчезнат за две недели, сакам да бидам искрен со себе.

Ова Британецот го соопшти ден пред тој загуби во првото коло на турнирот во Синсинати (САД) од Французинот Ричард Гаске.