Амбасадорот на САД во Естонија, Џејмс Д. Мелвил Јуниор, дипломат од кариера и член на дипломатскиот сервис од највисок ранг вчера преку својата Фејбук страница објавил дека си дава оставка од функцијата.
Потегот на Мелвил е уште еден во низата оставки во Стејт департментот на дипломати кои си заминуваат заради политиката на претседателот Доналд Трамп кон Европската унија.
Мелвил бил во дипломатскиот сервис 33 години и се подготвувал за во пензија, но тој рекол оти не може да чека и си заминува од дипломатијата на чесен начин.
„Да бидам во дипломатската служба во мандат на шест претседатели и на 11 државни секретари никогаш не помислував дека ќе дојдам до оваа точка“, напишал Мелвил.
Форин полиси пишува дека претходно во 2017 година амбасадорот на САД во Панама, Џон Фили, си поднел оставка, а неколку месеци подоцна по неговите чекори тргна и растечката ѕвезда на американската дипломатија во Африка, Елизабет Шекфолд. Таа во колумна напиша дека Трамп и поранешниот државен секретар Рекс Тилерсон ја уништуваат американската дипломатија.