Започнуваме со процесот на унапредување на безбедноста на најранливите категории во сообраќајот – пешаците, објави денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов по свеченото пуштање на тастер за вклучување на семафор за пешаци.

Освен текст за овој нов проект, Шилегов на Фејсбук објави и повеќе фотографии од „историскиот“ настан во скопската населба Ново Лисиче, каде што на булеварот Србија е пуштен, ни повеќе ни помалку, туку тастер за вклучување на пешачкиот семафор.

Овојпат немаше диџеј на малата свеченост, како онаа големата во ГТЦ кога беше пуштена автобуска постојка.

Овој голем настан во Скопје се случува само неколку дена откако африканската земја Етиопија испрати сателит во вселената.

(Д.Г.)