Уставниот суд денеска информира дека поради интерес на повеќе медиуми и организации оформен е предмет во кој се оспорени Статутот и Програмата на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“.

– Предметот се наоѓа во почетна фаза, односно во претходна постапка и е предаден на работа кај советник на Судот и судија кои во следниот период треба да подготват реферат со конкретен предлог по којшто Уставниот суд  ќе одлучува на седница, стои во соопштението.