На денешната 150-та владина седница е разгледана Информацијата и е усвоен финалниот текст на Етичкиот кодекс за членовите на Владата, носителите на јавни функции именувани од неа и советниците носители на извршни функции за обезбедување на законито, чесно, транспарентно и одговорно работење на владините членови, замениците на министрите и носителите на јавни функции.
Со овој кодекс, како што соопштуваат од владината прес-служба, се уредува почитувањето на уставноста, законитоста, професионалниот интегритет, ефикасноста, лојалноста, одговорноста, транспарентноста и заштитата на човековите слободи и права при вршење на нивните функции, односно должности во рамките на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани согласно Уставот на Македонија, со цел јакнење на интегритетот на институциите и на довербата на граѓаните во нивната работа.