Хрватската кошаркарска репрезентација не успеа да се квалификува за Светското првенство во Кина, но кошаркарите ќе имаат интересно лето.

Хрватската репрезентација ќе учествува во Летната лига на НБА во Лас Вегас од 5 до 15 јули. Заедно со нив, во Лас Вегас ќе играат националниот тим на Кина, како и 30 НБА тимови.

На Хрватска тоа ќе и биде прв настап во летната лига, додека националниот тим на Кина веќе играше во Лас Вегас во 2007 година.