Утре е Велики Четврток, денот кога се вапцуваат јајца за Велигден, а првото има посебно значење и моќ и секогаш се вапцува црвено.

Според обичајот кај многу православни христијани, најпрвин се вапцувале три јајца, а потоа и другите. Се верува дека првото јајце било наменето за Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот за главата на семејството, а третото е за стоката и бериќет.

Домаќинката кога ги вапцува јајцата треба да има нешто јадено или да има каснато барем еден залак леб, зашто има верувања дека ако тоа го прави на гладно срце, јајцето може да ја разбие, да донесе несреќна, а и таа ако го разбие јајцето ќе ја загуби магиската моќ.

Првото јајце се става во сито и се обесува на дирекот од куќата или на друго место спроти сонце за да го видат првите сончеви зраци.

Според старата традиција во Македонија домаќинката го земала првото вапцано јајце и на децата, уште додека биле в постела, им минувала три пати по лицето зборувајќи им: „Црвено, бело, румено“ или „Црвено бело дебело“, „Црвено бело живо и здраво“. Тоа е порака децата да се здрави, црвени во образите, што е ознака за здравје и напредок.