Специјалниот претставник и координатор за глобален ангажман Џејмс П. Рубин од 10 до 14 април ќе престојува во Скопје, Подгорица и во Тирана, соопшти Стејт департментот.
Како што пренесува „Гласот на Америка“, во Скопје и Подгорица, Рубин ќе се состане со владини претставници за да ја зацврсти поддршката за иницијативите за справување со дезинформациите.
-Тој ќе разговара за напорите на Русија, Народна Република Кина и други малигни актери кои користат дезинформации за да ја поткопаат демократијата и националната безбедност низ целиот свет, и како нашите нации можат колективно да се спротивстават на заканите во информативниот простор, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
За време на престојот во Тирана, Рубин ќе учествува на средби со американските амбасадори од Западен Балкан.