Град Скопје соопшти дека утре и задутре ќе се изврши втората фаза од прскањето против ларви од комарци на подрачјето на град Скопје, што опфаќа авионско прскање и дезинсекција од земја.
Авионската дезинсекција ќе се изврши утре (понеделник) во раните утрински часови, а дезинсекција на земја задутре (вторник) во текот на денот.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
Од Град Скопје апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.