Фудбалерот на Валенсија Гонзало Гедеш предизвикал сообраќајна несреќа, јавуваат шпанските медиуми.

Младиот Португалец додека се возел во Валенсија во своето „Ферари Ф12“, удрил во една жена на мотор. Не се соопштени детали за сообраќајката, освен тоа дека никој не е повреден и дека жената после укажаната лекарска помош е пуштена од болница.

Гедеш во декември минатата година се пофалил на социјалните мрежи со неговиот нов автомобил „Ферари“, за кого платил околу 300.000 евра.