Холандската министерка за образование, култура и наука Ингрид ван Енгелсховен бара да се престане со производство и продажба на играчки за деца што ја потврдуваат општествено наметнатата „родова улога“, објави холандската телевизија НОС.

Министерката ги повика производителите на играчки критички да ги погледнат своите производи.

Иницијативата на холандската министерка дојде во време кога во Франција беше донесена нова политика со која играчките за деца треба да бидат родово неутрални.

Така, посебните оддели за момчиња и за девојчиња ќе исчезнат од француските продавници за играчки, а ќе се воведе забрана за одвоено рекламирање на играчки за девојчиња или момчиња.

Покрај тоа, од следната година, продавачите не смеат да ги прашуваат клиентите за полот на детето за кое е наменета играчката.

Холандското Министерство за образование, култура и наука веќе преговара со издавачите за да престанат да користат стереотипи во учебниците