Несовесни граѓани не престануваат да уништуваат околу себе. Плоштадот „Делфина“ во Влае никако да остане цел и во функција.
И утрово таму бевме сведоци на тажна слика. Очигледно некому му пречи граѓаните да уживаат во убавини, па се што е ново мора да биде уништено.

Наместо убав простор во кој си играат деца, се дружат возрасни и домашни миленици се водат на прошетка, на оваа локација денес има слика од нечија несовесност.

Ова не е првпат и затоа уште повеќе вознемирува. Претходна „жртва“ на вандалите беше специјалниот метален контејнер, наменет за складирање на токсичен отпад од батерии, акумулатори и делови од расипани електронски уреди, кои не смеат да се мешаат со обичниот отпад и мораат соодветно да се одложат и складираат со посебна процедура.

Контејнерот бил обиен, а потоа и целосно руниран, со искинати плакати за неговата намена и расфрлање на токсичниот отпад од него.
Како што сведочеа за КУРИР жители на оваа населба, малолетници се собираат тука во полноќните часови и уништуваат сé што ќе најдат пред себе. Така неодамна нивна „жртва“ беа и детските лулашки и клупите.






