Левото крило на македонскиот ракометен првак Вардар, Тимур Дибиров се најде во идеалниот состав во изборот на ЕХФ ТВ за 11. коло во Лигата на шампионите.

Дибиров учествуваше со седум погодоци во триумфот на Вардар (30:27) над Рајн Некар Левен во средата на гостински терен.

Покрај Русинот во тимот на колот се и: Винсен Жерар (голман), Михаил Јурецки (лев бек), Барис Пухуски (среден бек), Иван Сршен (десен бек), Лук Абало (десно крило) и Јаник Колбахер (пивот).

Уште еден вардарец се најде во изборот на ЕХВ. Цепелинот на Даинис Криштопанс е сместен  во Топ 5 погодоци.