Актуелниот европски првак Вардар потпиша двегодишен договор со Кугис Артурс (26), репрезентаивец на Летонија кој доаѓа од екипата на Гросвалштат, соопштија од сајтот на „црвено-црните“.
Сезонава Артурс одигра 35 натпревари за Гросвалштат, а со репрезентацијата на Летонија избори пласман на ЕП 2020 година.
– Навистина сум среќен што потпишав договор со Вардар и ќе бидам дел од еден од најдобрите спортски тимови во ракометот. Се разбира со потпишувањето на овој договор си поставив и цел да бидам најдобар што можам. Скопје за мене е центарот на ракометот. Се надевам заедно можеме многу да постигнеме. Сакам да се заблагодарам на клубот што ќе можам да играм за Вардар. Едвај чекам да играм во „Јане Сандански”, изјави Кугис Артурс.