Албанија е подготвена официјално да ги отвори преговорите за влез во Европската унија, објави денеска еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји по средбата во Брисел со албанскиот министер за Европа и надворешни работи Олта Џачка.
Вархеји, според албанските медиуми, на Твитер напиша дека во разговорот со шефицата на албанската дипломатија било посочено дека Албанија ги исполнила сите услови на Советот на ЕУ.
„Сега Албанија е подготвена официјално да ги отвори пристапните преговори. Го поддржуваме одржувањето на првата меѓувладина комисија за време на француското претседателство со Советот на ЕУ“., објави Вархеји, пренесоа албанските медиуми.