Признавајќи ја големата одговорност на првопрестолната Вселенска патријаршија, која никогаш не се согласувала со незаконски и неканонски ситуации, кои го разнишуваа функционирањето на Православната црква, и во овие одговорни времиња таа презеде иницијатива да востанови единство на православните верници во Украина со крајна цел украинската црква да добие автокефалност“, се вели во соопштението на украинските власти во кое се цитира посланиете на патријархот Вартолемеј до украинскиот претседател Порошенко.

Во Украина има Украинска православна црква потчинета на Московската патријаршија. Таа е управуваа од митролполитот Онуфриј кој прозападната ориентација на Украина ја оквалификува како „трагедија“ и кој досега не се изјаснил во врска со конфликтот во Донбас.

Постојат и две непризнати цркви – Киевска патријаршија и Украинска автокефална православна црква.

Од 1991 година украинските власти се обидуваат да создадат црква која ќе биде признаена, а нема да биде под влијание на Москва.

Во април оваа година Порошенко испратил писмо до Вартолемеј со молба да ја признае автокефалноста на Украинската црква. На 22 април Синодот на Вселенската патријаршија ја разгледал молбата и решил за прашањето да размени мислења со црквите од православниот свет.