Имоти на руски компании во САД вредни стотици милиони долари се замрзнати како дел од санкциите на Вашингтон спрема Москва кои се во сила од 2013 година, изјави Сигал Манделкер, заменик секретар за финансии.

„Мерките на министерствотото имаат значителни последици за финансиските интереси на поединци и бизнисмени, вклучително и блокирање на стотици милиони долари руски средства на САД“, изјави денес Манделкер.

Соопштението е објавено веднаш по нејзиниото обраќање во Конгресот.

Странските инвестиции во Русија од 2013 година се паднати за пет поценти, додека американските дури 80 проценти, информираше таа.

До сега администрацијата на Трамп под санкции стави 217 поединци и субјекти меѓу кои и нафтени компании и за прозиводство на енергија, а кои се државни или се блиски соработници со Путин, објавува РТ.

Москва повеќе пати повотрувала дека санкциите на Вашингтон се контрапродкутивни, а руското МНР ги нарече незаконски.