Калкулаторот на ООН пресметал дека бројот на Бугарите паднал под седум милиони жители. Во емисијата „Ова недела“ на БТВ истакнато е дека до 19 часот на 7 јули (вчера) Бугарија има 6 988 887 жители.
Од почетокот на годината се родиле 34 105 лица, а умреле 54 698 лица.
Само вчера, на 7 јули, се родиле 140, а починале 224 лица.
Во 1946 година, Бугарија имала 7 029 349 жители, а во 1985 година имала 8 948 649 жители. Триесет и три гоидни по таа 1985 година, Бугарија има два милиони жители помалку, односно помалку и од 1946 година.