Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер во спортскиот центар САП-Арена во Манхајм ќе се сретнат со германскиот претставник во ракометната Лига на Европа, Рајн Некар Левен.

Битолчани со релативен оптимизам допатуваа во Манхајм каде во групната фаза и во рамки на четвртото коло, силите ќе ги одмерат со фаворитот во групата „Д“ – Рајн Некар.

Европската ракометна федерација за дуелот меѓу Рајн Некар Левен и Еурофарм Пелистер кој ќе почне во 20.45 часот, ја делегира судиската двојка Aндреј и Сандро Смаилагиќ од Шведска.

Како што е познато во првите два натпревара од ракометната Лига на Европа,  Еурофарм Пелистер загуби од ГОГ Гудме и ремизираше со Кадетен Шафхаузен, а во дополнителен термин ќе се одигра одложениот натпревар од првото коло со Татабања од Унгарија.