Повеќе од 600.000 вакцини против коронавирус се дадени во  последните 24 часа во Велика Британија, соопштија властите.

Според нив, во петокот на британските граѓани им биле дадени 119.306 први дози и 485.421 втора доза вакцина.

Во истиот период, регистрирани се 2.206 нови случаи на коронавирус и 35 починати.