Парламентот на Велика Британија усвои закон со кој се забранува продажба на цигари и никотински производи на лица родени по 2008 година.

Во Велика Британија, моментално е нелегално да се продаваат цигари, тутунски производи или електронски цигари на лица под 18 години. Но, минималната возрасна граница за купување цигари се зголемува секоја година.

Со овој закон, Велика Британија доби една од најстрогите мерки против пушење во светот, а законот е сличен на оној што беше усвоен на Нов Зеланд во 2022 година, но набрзо беше повлечен.

Бројот на пушачи во Велика Британија се намали за две третини во споредба со 70-тите години од минатиот век, но околу 6,4 милиони луѓе или околу 13 проценти од населението сè уште пушат.

Британските властите посочија дека пушењето предизвикува околу 80.000 смртни случаи годишно во и е главна причина за смрт, инвалидитет и лошо здравје.

МИА