ВЕЉАНОСКИ: Нето задолжувањето од СДСМ е 455 милиони евра кои не се за враќање на стар долг

/ 20.12.2018

Трајко Вељаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на седницата во Собранието на Република Македонија, образложи дека со задолжување на државата, СДСМ се правда дека враќа стари долгови, но тоа според него, не е враќање на старите долгови, туку е ново задолжување.

Вељаноски го цитираше Тевдовски: „Сумарно нето задолжување односно разликата помеѓу новото задолжување и отплатата на стари долгови во 2019 година изнесува 28.6 милијарди денари“.

– Значи нето нови задолжувања тоа е во износ од 455 милиони евра задолжување плус, не со враќање на претходните задолжувања. Значи нето ново задолжување 455 милиони евра се задолжува Република Македонија, самиот министер го кажа, јас не го кажав ова, појасни Вељаноски.

Вељаноски образложи дека јавниот долг на тој начин се зголемува и ја надминува бројката од 50% дури 52-53% може да надмине.

-Зашто претходно се залагавте за да дојдете на власт, за да го продолжите задолжувањето, да ги продолжите расходите или да намалите? Во буџетот се предвидува економски раст или 3.2% дај да видиме. Ќе помине следната година, ќе дојде ребалансот, но ако вака продолжите како што работевте оваа година растот ќе биде скромни 2%, нагласи Вељаноски.


Од истата категорија