Поранешниот претседател на Собранието во целост го поби обвинението за кое се товари поврзано со настаните од „27 април“. На денешното рочиште тој со документи покажа дека имал најмалку десет обиди да закаже конститутивна седница за избор на претседател на Собранието, но оти не биле создадени деловнички услови.

Тој уште рече и дека на пратеникот Зекирија Рамадани морал да му даде збор бидејќи бил заменик координатор на пратеничкка група.

За потсетување, кога Рамадани излезе на говорницата почна да ја пее албанската химна што беше повод незадоволните граѓани да влезат во Собранието.

Вељановски истакна дека Спасовски од СДСМ бил упорен нивната коалиција да го има претседателот на комисијата за избори и именувања, но оти тоа не било прифатено.
Подоцна тој прифатил и за прв човек на оваа комисија бил избран Илија Димовски, а за заменик Зоран Илиевски, и двајцата од ВМРО-ДПМНЕ.

-На тој начин на 23 март 2017 година се создаде деловничка можност за избор на претседател на Комисијата за избори и именувања, потсети Вељаноски.

Тој направи споредба со денешната седница на Собранието и дека нема да биде избрана комисија за избори и именувања туку дека директно ќе се оди на точката за избор на претседател на Собранието.

-Секојдневно држев координации само да се постигне договор, додаде поранешниот спикер.

Тој објасни дека работел согласно Деловникот и оти еден на 29.12.2016 година, еден ден пред конститутивната седница ги свикал претставниците на партиите да го договорат дневниот ред. На него биле присутни Илија Димовски, Талат Џафери, Оливер Спасовски, Африм Гаши и Весел Мемеди.

Вељаноски истакна дека Спасовски барал конститутивната седница да ја води најстариот пратеник наместо актуелниот претседавач иако му било укажано дека тоа е можно само ако седницата се одржува на 21-от ден од изборите.

На него било договорено најнапред да се избере верификациона комисија, потоа верификациона комисија и избор на комисија за избор на комисија за избори и именувања доколку има предлог.

-Но, таков предлог немаше и јас ја прекинав седницата сè додека не се создадат услови за продолжување, рече денеска Вељаноски.

Тој нагласи дека Талат Џафери во 2020 година постапува исто како тој што постапувал во 2016 година и оти на тоа сите се сведоци.