Од денеска започнуваат промените што граѓаните сакаат да ги видат! Македонија заслужува подобра иднина и ВМРО–ДПМНЕ со сигурност ќе ја обезбеди! Напиша на Фејсбук техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.
– Претседателот на партијата и иден премиер Христијан Мицкоски ми ја довери задачата да го водам Министерството за труд и социјални работи каде имам долгогодишно искуство. Овој ресор е вистински предизвик бидејќи е запоставен последните 7 години. Тоа ми е дополнителен мотив за напорна работа и верувам во успехот кој ќе го постигнеме! Немаме време за чекање, а тимот е подготвен веднаш за да започнеме со активностите за враќање на довербата на граѓаните кон институциите. Граѓаните треба да имаат можност да се обратат, вратата на ова министерство мора да биде отворена за секого и да побараат и добијат поддршка. Отворени сме за сите сугестии, бидејќи само така граѓаните се дел од системот. Верувам дека заеднички со граѓаните ќе успееме да ја смениме сликата на затворени институции. Оваа држава мора да има подобра социјалната заштита, детската заштита, унапредување на работничките права и намалување на невработеноста, а пензионерите заслужуваат подобар живот. Уверувам дека сме способни како идна Влада да обезбедиме повисоки плати и пензии, повеќе можности за вработување на пристојни работни места, драстично зголемување на социјалните надоместоци. Имаме можности за изградба на нови детски градинки и нови пензионерски домови… И ветувам дека нема да има една работа – а тоа се лажни ветувања. Остануваме доследни на принципите на искреност, одговорност, истрајност, чесност и транспарентност, истакна Велковски.
Уште три месеци до големата победа, која зависи од сите нас! Затоа, да се обединиме и да ги поразиме неодговорните политичари што ни создадоа ужас во нашата Македонија!
Благодарност до досегашната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска за нејзиното работење и водењето на овој ресор, додава Велковски.