Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер изрази жалење што истекува времето на Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

– Никогаш не сме виделе такви играчи толку креативни во секоја тешка ситуација. Сепак, нивното време истекува и сега можеме да зборуваме за следната генерација на суперsвезди. Во него, Французите може да дојдат до израз. Во оваа фаза, лидер може да стане Килијан Мбапе. Не треба да го забораваме Нејмар, секако, рече Венгер.

Во последните 12 години, Меси има освоено шест Златни топки додека Роналдо – 5. Само Лука Модриќ успеа да ја сруши доминацијата на Португалецот и Аргентинецот.