Двете членки на НАТО, Турција и Грција, кои имаат територијални спорови долги години, во последно време се почесто вербално „војуваат“ меѓу себе и ги заоструваат и онака затегнатите меѓусебните односи.

Најновиот територијален проблем меѓу двете земји се појави поради островите во Егејското Море. Турција ја обвинува Грција за поставување оружје на островите во близина на турската граница, додека Атина вели дека оружјето е неопходно за самоодбрана.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја обвини Турција за дестабилизирање на ситуацијата на Кипар.

Турскиот претседатек Реџеп Таип Ердоган, пак, порача дека Грција мора да ги признае своите граници и да се придржува до нив, затоа што во спротивно Анкара ќе одговори одлучно.

Во оваа вербална војна се приклучи и пензионираниот грчки генерал Јанис Еголфопулос и и се закани на Турција со ракетен напад врз стратешките мостови во Истанбул што ги поврзуваат Европа и Азија.

По таквата вербална препирка, политикологот Таки Барбракис изјави дека разговорите за можноста од воен конфликт меѓу Анкара и Атина во последно време се зачестени меѓу грчките политичари, објави Ал Џезира.