Вест Хем конечно стави крај на катастрофалната серија од почетокот на сезоната. „Чеканите“ тргнаа со четири порази во четири дуели, но излегоа од летаргијата на гостувањето кај Евертон и го совладаа на гости силниот ривал.

Тимот на Мануел Пелегрини победи со 3:1 во спектакуларен натпревар, во кој, покрај многуте голови, имаше и многу шанси. Така тие го нанесоа и првиот пораз на „карамелите“ од почетокот на кампањата.

Новиот додаток на тимот од Лондон, Андриј Јармоленко се истакна со два прекрасни гола пред паузата, но веднаш пред крајот на полувремето, Гилфи Сигурдсон го намали резултатот. Во средината на вториот дел Марко Арнаутовиќ стави крај на неизвесноста со третиот гол за Вест Хем.

Во првиот дуел за денот, повратникот во елитата Вулверхемптон забележа минимална победа од 1:0 над Барнли, a единствениот гол беше дело на раул Хименез во вториот дел од натпреварот