Станислава Чочоровска, која своевремено од српските медиуми беше наречена „Кралица на кокаинот“, синоќа се огласи на социјалните мрежи бранејќи ја актерката Силвија Стојановска откако и беше одреден домашен притвор, поради наводна вмешаност во шверц на огромна количина на кокаин.

,,Многу сум среќна што не дишам ист воздух со македонската ментална беда. Имате сериозен проблем, знаете сè, лоши сте , едвај чекате некому било што да се случи, целата своја лична бедотија и болест да ја истурите врз луѓе покрај кои не сте можеле ниту да поминете во животот. Едвај дочекавте како хиени да ги унакажете.Во оваа држава не треба да има новинари, бидејќи на ред не можат да дојдат да објават од вас, бидејќи знаете се’ за секого. Коментирате што ќе ви текне , веројатно така се чувствувате подобро истурајќи го својот бес некаде и нанесувајќи му некому зло.

Вистината за кокаинот ја знае само Силвија Стојановска. Кои сте бре вие, шљаму еден, некому предвреме да судите и пресудите без суд, по улици и кафани? Вас ли некој ќе ви полага сметки? Завртете се околу себе и погледнете се во огледало“, напиша Чочоровска на Фејсбук.