По понеделничката прес-конференција во Белата куќа на која претседателот на САД зборуваше за ситуацијата во Украина, тој изјави дека нема да прима прашања кои се надвор од темата.

На тоа се надоврза новинар од телевизијата Фокс Њуз кој постави прашање „Дали ќе одговорите на прашања за инфлацијата? Нели мислите дека тоа е одговорност на власта?“.

На тоа Бајден иронично одговори „Тоа е голем бенефит – повеќе инфлација… Каков глупав кучкин син…“ и веројатно мислеше дека микрофонот му е исклучен и дека никој не го слушна неговиот одговор.

Набрзо потоа, како што изјави новинарот на Фокс Њуз, на телефон му се јавил претседателот Џо Бајден и му се извинил за пцостите велејќи му дека тоа не било ништо лично насочено против него.