Претседателот Стево Пендаровски индиректно призна дека го лажел својот народ во врска со францускиот предлог откако во вчерашното интервју за ТВ Канал 5 кажа дека учествувал во неговата креација.
Пендаровски истакна дека тој заедно со францускиот претседател Емануел Макрон го прецизирал предлогот во неколку точки, а долго време пред македонската јавност и Пендаровски и останатите политичари од власта тврдеа дека „и тие чекаат информации за содржината на предлогот“.
Тој открива дека бугарските власти ја кажувале вистината и не го лажеле бугарскиот народ. Пендровски кој сега признава дека бил директно вклучен во предлогот што го доби Македонија пред еден месец велеше дека во Скопје никој не видел француски или друг предлог.
Пендаровски признава дека од македонска страна на катастрофален начин била водена комуникацијата на оваа тема, но и покрај тоа е со став дека немало потреба да се одложи одлуката за францускиот предлог.
Целото интервју може да го отворите ТУКА. И уште едно видео во кое Пендаровски едно зборува „вчера, а друго денес“, може да го отворите ТУКА.