Македонците во Бугарија и годинава го слават големиот македонски национален празник Илинден.

Македонци од Пиринска Македонија и од други места, претставници на ОМО Илинден-Пирин и останатите македонски организации во Бугарија оддржаа семакедонската прослава на Илинден во село Мусомиште, Гоцеделчевско.

Како што соопштија од ОМО Илинден-Пирин, беше отслужена панихида за загинатите за слобода на Македонија, а говор одржа Димитар Иванов од Шумен.

На народната веселба, како што е објавено. свиреше оркестарот на Велко Попов.