Кога се интонира химна рацете се спуштаат мирно и се оддава почит, а не со нив да се држи стомакот, му порача пратеникот Драган Ковачки на премиерот Димитар Ковачевски.

– Кога се интонира химна, рацете не може по ниту една основа да ги држиш на стомак. Ова е непочитување кон гостинот од Шпанија, а со тоа ја срамиш Македонија што за жал сè уште ја претставуваш, вели Ковачки за вчерашниот настап на Ковачевски, кој не стоеше мирно додека се интонираа македонската и химната на шпанскиот гостин во Скопје, премиерот Педро Санчес Кастехон.

Ковачки го нарече Ковачевски аматер во објавата на својот профил на Твитер.

Освен тоа, при интонирањето на македонската химна, како што објавивме, таа повторно беше во скратена верзија.