Југоисточниот дел на Австралија погоден е од ладен бран, со температури на планините кои што се движат околу минус 3 степени Целзиусови.

Уште во саботата меторолошките служби предупредија дека ќе има силни и ладни ветрови, снег и мраз.

Како што пишува порталот АБЦ локал, снегот, ниските температури и отежнатите услови на патот, придонесоа за затворање на патиштата во сојузната држава Викторија, а ладниот бран кој што градовите ги зави во бела прекривка трае веќе неколку дена.

Како што е наведено некои градови првпат по неколку децении се под бела прекривка.

И додека европското лето ни донесе пеколни температури, австралиската зима им носи снег и ниски температури.