Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски објави видео снимено пред споменикот на Скендербег во центарот на Приштина, во кое објаснува дека Георг Кастриот Скендерберг „по мајка е Бугарин“ и дека на Косово има многу негови „сонародници и сомисленици Бугари“.

Џамбаски вели дека негова цел е во Косово да бидат признаени Бугарите како национално малцинство.

Бугарија бара бугарско национално малцинство и во Албанија. Со притисок врз Тирана за почеток на преговорите со ЕУ Софија успеа да издејствува Бугарите да бидат признаени како малцинство и да бидат внесени како графа на следниот попис во Албанија.

На ова реагираат Македонците од Албанија и се жалат дека Софија спроведува кампања меѓу македонското население во Албанија, со финансии, пасоши и други средства, за да привлече што повеќе од нив да се изјаснат како Бугари.

На Косово живеат околу 60.000 Горани, етничка подгрупа на етничките Македонци со муслиманска вероисповед, кои веројатно се следна цел на бугарската пропаганда.

Видеото може да го отворите ТУКА.