На социјалните мрежи се појави видео од пречекот на техничкиот премиер Талат Џафери во неговото родно село Форино. Некогашниот командант Форина во ова гостиварско село беше дочекан со факели и огномети.

Едно видео од дочекот на техничкиот премиер Џафери, а кој беше организиран од неговите соселани, се појави на социјалните мрежи. На таа снимка се гледа дека жителите на Форино имаат формирано кордон со факели од двете страни на улицата, а тоа се случува во време кога конвојот од полициски возила и обезбедувањето на Џафери минуваат низ улицата.

Техничкиот премиер во неговото Форино беше бурно поздравен и пречекан со извици „Илирида“, „Чемерија“ и „Косово“.