Се ближи крајот на неконтролираната злоупотреба на институциите од страна на Зоран Заев и неговите послушници. Министерството за внатрешни работи и полицијата од јануари ќе добијат соодветна контрола, а од 12 април, по промената на власта, ќе бидат целосно во функција на граѓаните во борба против криминалот, рече на денешната прес-конференција, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Зоран Заев и Оливер Спасовски го знаат тоа и сега на 40-тина денови пред заминување и формирање на техничка влада, преземаат очајнички чекори во обид да го задржат политичкото влијание врз полицијата. Оливер Спасовски со мали прекини е веќе четири години прв човек во Министерството и дури сега на 40 дена пред заминување, му текнува да предложи измена на систематизацијата. Потценувачки и за граѓаните и за вработените во МВР. Со новите измени во Актот на систематизација се креираат локални шерифи за кои Заев и Спасовски се надеваат дека ќе работат по нивна наредба, а не по закон. Двајцата се надеваат дека со новата систематизација ќе ги скратат ингеренциите на новиот технички министер. Заев и Спасовски гледаат дека губат и затоа се обидуваат да формираат посебни полициски единици кои сакаат да им бидат под целосна партиска команда. Измените во Актот за систематизација непосредно пред формирање на техничка влада јасно кажува дека Заев го минира идниот технички министер од ВМРО-ДПМНЕ. На Заев не му одговара независно МВР. Заев и Спасовски сакаат полиција под контрола на партијата. Измените во Актот на систематизација се изигрување на договорите помеѓу политичките чинители во Република Македонија. Реформи во политиката се неопходни, но не на овој начин. ВМРО-ДПМНЕ бара Заев и Спасовски да ја повлечат систематизацијата и да престанат да си играат со државата и институциите. Предупредуваме дека после 12 април одговорност ќе има за сите оние кои нема да постапуваат по закон, а нема да може да ги заштитат ниту Заев, ниту Спасовски. Ги охрабруваме чесните професионалци во МВР да продолжат да ги документираат сите незаконитости и да информираат за скандалозното раководење, истакна Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека граѓаните не се плашат од заканите на партиските шерифи на СДСМ. На граѓаните им е преку глава од лошите политики, нарушената безбедност и целата несигурност во изминативе три години. На 12 април СДСМ заминува во историјата.
https://www.youtube.com/watch?v=vdlVeT6oyeg&feature=emb_logo