Не е точно дека одам само по Широк Сокак, одам по споредни улички во Битола, а сум берела боровинки на Пелистер и боливач во Бач, одговора градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, на обвинувања од гледачи дека шетала само по главната битолска улица.
Веста не е тазе, напротив, веста е од времето кога 1 ТВ беше во процут, но според реакциите кај граѓаните проблемите на битолчани и денес се истите.
Оправдување видеото од не тазе емисија да биде преобјавено е и од причина што многу се зборува за фејк њус, па бидејќи медиумот на кој е емитувана емисијата е од релевантните, поплаките на битолчани белки не се лажна вест.
Видеото може да се погледне и ТУКА.