Опасната риба-зајак или зајачка риба, што се појави во водите на Средоземното Море, има толку силни заби што може да пробијат лимена конзерва, или да одгризат прст на човек, демонстрираат млади грчки рибари во видео објавено на мрежата „Икс“.

Освен тоа, телото на го содржи силниот отров тетродотоксин, кој може да предизвика парализа или застој на органите за дишење.

Се смета дека овој опасен вид риба мигрирал во Медитеранот од тропските мориња, најверојатно преку Црвеното Море, и сега се забележува во водите на Италија, Шпанија и на Грција.

Во Грција и на Кипар воведена е награда од 5,3 евра за секој уловен килограм од оваа риба.

линк до видеото