Ова се 54 минути од три разговори на Владимир Кузнецов и Алексеј Столаров со Зоран Заев, како премиер на Македонија, односно како што тие го претставуваат премиер на Република Северна Македонија. Еден од нив му се претставува како претседателот на Украина, Петар Порошенко. Интересно е што третиот разговор се води во време кога Порошенко не е веќе Украина, но сепак, Заев верува дека зборува токму со првиот човек на оваа земја.
Во тек на разговорот, лажниот Порошенко му вели на Заев дека на линија го има и Јенс Столтенберг и дали сака да поразговара со него, на што Заев се согласува, па зборува со човек за кого верува дека е генералниот секретар на НАТО.
Разговорите се водени, како што велат Кузнецов и Столаров, кон крајот на август 2918, јануару 2019 година и на 20 април 2019 години.
Во еден момент Порошенко му вели (тоа е пред референдумот) дека не е битно кој како гласал, туку кој брои, на што Заев се смее. Порошенко му вели и дека Украина има историска врска со Александар Македонски, па затоа може да го вика и Петар Македонски, на што Заев се смее и вели: Многу добро многу добро! На крај Порошенко му вели можеш да ме викаш петар Макеоднски, а Заев вели: Ок Петар Макеоднски.
Во текот на разговорот, Заев ги диктира и броевите на Вес Мичел, Столтенберг и Ангела Меркел. Неверојатно. Разговара и ја осудува идејата за размена на територии меѓу Србија и Косово, а за Русија смета дека се меша и сака да го дестабилизира регионот. Инаку, Кузнецов и Столерев се комичари. Послушајте ги разговорите!