Италијанците водат тешка битка со епидемијата на коронавирусот.

За да ги охрабрат во овој тежок период, припадниците на италијанското воздухопловство на небото го нацртаа италијанското знаме додека во позадина оди аријата Nessun Dorma во изведба на Лучано Павароти.

Италијанците, кои се во домашна изолација, на своите балкони и прозорци го поставуваат знамето на Италија.