Министерот за одбрана, Красимир Каракачанов во интевјуто за бугарското Дарик радио, го повтори ставот дека Македонија мора да се придржува до договорот што го потпиша пред три години, како и дека не треба да се потпише нов договор.
– Во Скопје, тие се обидуваат да се вратат 1.000 години наназад за да и дадат легитимитет на теоријата за Коминтерна и по 1944 година за Титова Југославија. Договорот јасно кажува дека фалсификатите во врска со историјата мора да се расчистат – рече Каракачанов.
Бугарскиот вицепремиер натаму во интервјуто вели:
– Буквално вчера тие одбија да работат во заедничката комисија. Тие го слават националниот празник на 11 октомври против таканаречениот „бугарски окупатор“. Доколку е потребно, ќе им го испратам инженерскиот полк да ги отстранат сите споменици, кои не одговараат на историските факти, рече Каракачанов.
Тој додава дека историјата да остане само од 1944 година.
– Ова грозоморно фалсификување во учебниците по историја мора да престане, потенцира министерот, како и дека „историјата на Македонија до 1944 година е бугарска историја, ова е позицијата на нашата земја“.